Институтот за медиуми и аналитика ИМА денес ја организираше панел-дискусијата: „Слободата на медиумите наспроти политичките притисоци и пропаганда, дезинформациите и говорот на омраза: Како понатаму?“. Панелисти на овој настан беа Младен Чадиковски – претседател на ЗНМ, Драган Антоновски – директор на МИА, Арта Тахири – уредник на вести во ТВ Алсат и Атанас Кировски – новинар, поранешен главен уредник на ТВ Телма и дописник на Би-би-си, а со свои дискусии учествуваа и медиумски уредници и претставници на граѓански организации што работат во сферата на медиумите. Панелистите во своите излагања ги анализираа наодите од неодамна објавениот Индекс на слободата на медиумите за 2023 година на „Репортери без граници“, во кој Северна Македонија е рангирана на 38-место, најдобро во последните 15 години. Иако оценуваат дека состојбата е подобра од времето на „заробената држава“ и владеењето на Никола Груевски, тие лоцираат повеќе слабости и важни предизвици за слободата на медиумите во земјава. Тие се осврнаа на притисоците и односот на политиката и бизнисот кон медиумите, пропагандата на социјалните мрежи, нетранспарентноста на институциите, нефункционирањето на правосудството. Зборуваа и за падот на професионализмот и довербата во медиумите, напливот на дезинформации и говор на омраза, предизвиците на саморегулацијата, како и за дилемите за регулирање на интернет … Продолжи со читање Политичките и економски притисоци, дезинформациите и говорот на омраза – главни предизвици за слободата на медиумите
За вградување, копирај и вметни го ова URL во твојата WordPress страница.
Копирај и вметни го овој код за вградување во вашата страница.