Здружението на граѓани ИНСТИТУТ ЗА МЕДИУМИ И АНАЛИТИКА ИМА од Скопје се залага за култура на комуникација ослободена од говор на омраза, дискриминација и насилство.
Институтот за медиуми и аналитика – ИМА се бори против дискриминацијата и говорот на омраза во медиумите и јавните комуникација преку:
- мониторинг, идентификување и алертирање на случаи на говор на омраза и дискриминација во медиумите и јавните комуникации
- подигнување на општествената свест за штетноста на говорот на омраза и дискриминацијата во медиумите и јавнаите комуникации
- овозможување на правна помош за жртвите на говор на омраза, дискриминација и на други повреди на човекови права во јавните комуникации
- граѓански иницијативи за зајакнување на механизмите за заштита од говор на омраза и дискриминација
- зајакнување на гласот на жртвите на говор на омраза, дискриминација и на други повреди на човекови права во јавните комуникации
Скорешни коментари