Истражувања на медиуми и комуникации

Институтот за медиуми и аналитика ИМА од Скопје спроведува квалитетни медиумски истражувања – на ТВ, радио, печатени, електронски и социјални медиуми.

Основачите и соработниците на Институтот за медиуми и аналитика ИМА од Скопје имаат големо искуство во разни видови на медиумски истражувања, засновани на квалитетен медиумски мониторинг и квантитативни и/или квалитативни анализи.

Основачите и соработниците на ИМА се автори на бројни медиумски истражувања за конкретни граѓански иницијативи и активности, за демократски настани и процеси, за етичко известување во медиумите, родови истражувања, за дискриминација и говор на омраза во медиумите, за дезинформации и лажни вести, за политичка пропаганда, за известувањето на медиумите за време на изборите, истражување и профилирање на публика, истражување на медиумски импакт на социјални мрежи, итн.