Институтот за медиуми и аналитика ИМА од Скопје спроведува квалитетен мониторинг на печатени, електронски и социјални медиуми, согласно професионалните стандарди.
Основачите на Институтот за медиуми и аналитика ИМА од Скопје имаат неколку децениско искуство во разни видови на мониторинг на медиуми:
- Редовен секојдневен мониторинг на медиуми и јавни комуникации
- Тематски или фокусиран мониторинг на медиуми и јавни комуникации
- Медиумски мониторинг на граѓански иницијативи и активности, демократски настани и процеси
- Мониторинг на медиуми и јавни комуникации за време на избори или референдум
- Мониторинг на етичко известување во медиумитите, од аспект на почитување на Кодексот на новинарите
- Мониторинг на медиуми и јавни комуникации од родова перспектива
- Мониторинг на дискриминација и говор на омраза во медиумите и јавните комуникации
- Мониторинг на дезинформации и лажни вести во медиумите и јавните комуникации
- Мониторинг на политичка пропаганда и политичко огласување во медиумите
- Медиумски мониторинг на комерцијални огласувачи и бизнис комуникации
- Мониторинг на комуникации и импакт на социјалните мрежи
Основачите на Институтот за медиуми и аналитика ИМА од Скопје имаат и повеќегодишно професионално искуство во медиумскиот мониторинг и анализа на политички комуникации, во кое се вбројува и изработување на методологијата за медиумски мониторинг во Владата на Република Северна Македонија, како и методологии за медумски мониторинг за повеќе медиумски, истражувачки и набљудувачки граѓански организации.
Скорешни коментари