Цели на Институтот за медиуми и аналитика – ИМА

Цели на Здружението на граѓани ИНСТИТУТ ЗА МЕДИУМИ И АНАЛИТИКА ИМА од Скопје се:

– Промовирање на демократијата, владеењето на правото, човековите права и правото на слободата на изразување, кое подразбира и одговорно изразување во медиумите и јавноста кое не им штети на правата на другите;
– Унапредување на јавните комуникации и културата на комуникација во медиумите и на социјалните мрежи;
– Развој на критичкото мислење и дебатирање во медиумите и пошироко,
за теми од поширок јавен и општествен интерес;
– Промовирање на медиумска писменост, професионално и етичко
новинарство, како и култура на етичко комуницирање на социјалните медиуми;
– Мониторинг, анализа, препораки и акции против дезинформации и говор на
омраза и дискриминација во медиумите и на социјалните мрежи,
– Мониторинг, анализа, препораки и акции во случаи на прекршување на
други човекови права во сферата на јавните комуникации.
– Промоција на културниот плурализам, почитувањето на разликите
и интеркултурализмот во медиумите и општеството;
– Промоција и унапредување на професионалните стандарди и унапредување на алатки за медиумскиот мониторинг и анализата на медиумите.
– Создавање на медиумски алатки за јавни комуникации кои ќе ја унапредуваат културата на комуникација ослободена од говор на омраза, дискриминација, насилство и штетни пропагандни влијанија, и ќе го зајакнат гласот на жртвите на човекови права во јавните комуникации;
– Подигање на свесноста на јавноста за демократијата, владеењето на правото, човековите права и правото на слободата на изразување ослободена од говор на омраза, дискриминација, насилство и штетни пропагандни влијанија и други нарушувања на човековите права во јавните комуникации;