МИСИЈА

Мисијата на Институтот за медиуми и аналитика ИМА, како невладино и непартиско здружение на граѓани кое ја практикува слободата на изразувањето – е унапредување на демократијата и владеењето на правото, унапредување на човековите права во јавните комуникации, развој на критичкото мислење и дебатирање во медиумите, промовирање на медиумска писменост и етичко новинарство, намалување на штетите од говорот на омраза, дискриминаторскиот говор и  дезинформациите во медиумите, промовирање на културен плурализам во медиумите и општеството, и подобрување на професионалните стандарди во медиумскиот мониторинг и анализата на медиумите.