Институтот за медиуми и аналитика ИМА од Скопје, внимателно ги следи медиумските настани и кампањи кои се обидуваа да ги дискредитираат концептите на родова еднаквост, родов идентитет и род, како и говорот на омраза во медиумите пред и по одржувањето на Парадите на гордоста во 2022 и 2023 година. Токму затоа, одлучивме да организираме панел-дискусија на тема „Медиумите и кампањите со дезинформации и говор на омраза против родова и сексуална еднаквост“, која се одржа на 29.06.2023 во Скопје. На оваа панел дискусија учествуваа претставнички и претставници од повеќе организации и истражувачи, кои зборуваа за кампањите со дезинформации и говор на омраза против родова и сексуална еднаквост, но и за односот на медиумите кон овие кампањи, и одговорноста што ја имаат медиумите во борбата против говорот на омраза и дезинформациите. Се разбира, кога ја подготвувавме оваа панел-дискусија, не ни сонувавме дека неколку часа по неа ќе биде организиран протест против законот за родова еднаквост, од страна на најголемата религиозна организација во државава. Како Институт за медиуми и аналитика ќе продолжиме да ги следиме наративите со дезинформации и говор на омраза против родовата и сексуална еднаквост и за време на протестот, а и по него. Драгана Дрндаревска од „Коалиција Маргини“, на панел-дискусијата … Продолжи со читање Панел-дискусија на ИМА: Медиумите и кампањите со дезинформации и говор на омраза против родова и сексуална еднаквост
За вградување, копирај и вметни го ова URL во твојата WordPress страница.
Копирај и вметни го овој код за вградување во вашата страница.