Во ова видео, Фатлум Јашари истакнува дека говорот на омраза и дезинформациите можат длабоко да им наштетат на поединците и заедниците – но секој од нас има моќ да го спречи нивното ширење. Со проверка пред споделување и застанување во одбрана на вистината, можеме да изградиме општество базирано на емпатија и почит.
Видеото е продуцирано во рамки на регионалниот проект „Борба против дезинформациите – Борба за демократија“, финансиран од Фондот за култура на солидарност на Европската културна фондација (едициска програма за отпорност на демократијата). Иницијативата има за цел да ги зајакне младите инфлуенсери низ Западен Балкан за справување со дезинформациите, говорот на омраза и штетните содржини онлајн, истовремено промовирајќи култура на емпатија, демократија и активно граѓанско учество.
View this post on Instagram
—
Овој проект е овозможен благодарение на финансиската поддршка на Фондот за култура на солидарност од Европската културна фондација










