Во ова видео, Бакир Чустовиќ посочува дека дезинформациите на Балканот не се само лажни вести – тие се политичко оружје што се користи за поделба, одвлекување на вниманието и контрола. Лажните стории ја извртуваат историјата и поттикнуваат конфликти, но вистината е посилна кога се споделува. Со испитување на изворите и проверка на фактите, можеме да ја заштитиме иднината на Балканот.
Видеото е продуцирано во рамки на регионалниот проект „Борба против дезинформациите – Борба за демократија“, финансиран од Фондот за култура на солидарност на Европската културна фондација (едициска програма за отпорност на демократијата). Иницијативата има за цел да ги зајакне младите инфлуенсери низ Западен Балкан за справување со дезинформациите, говорот на омраза и штетните содржини онлајн, истовремено промовирајќи култура на емпатија, демократија и активно граѓанско учество.
View this post on Instagram
—
Овој проект е овозможен благодарение на финансиската поддршка на Фондот за култура на солидарност од Европската културна фондација










