(ВИДЕО) Мартина Димоска: Да, слетавме на Месечината!

 

Во ова видео, Мартина Димоска го насочува вниманието кон тоа како теориите на заговор честопати стануваат вирални побрзо од фактите. Анализирајќи некои од најчестите лажни тврдења за слетувањето на Месечината, таа покажува како секој може да се спротивстави на дезинформациите – со факти, докази и доза на критичко размислување.

Видеото е продуцирано во рамки на регионалниот проект „Борба против дезинформациите – Борба за демократија“, финансиран од Фондот за култура на солидарност на Европската културна фондација (едициска програма за отпорност на демократијата). Иницијативата има за цел да ги зајакне младите инфлуенсери низ Западен Балкан за справување со дезинформациите, говорот на омраза и штетните содржини онлајн, истовремено промовирајќи култура на емпатија, демократија и активно граѓанско учество.

—

Овој проект е овозможен благодарение на финансиската поддршка на Фондот за култура на солидарност од Европската културна фондација