Во ова видео, Шкодран Хоти разговара со Сенад Ибиши за дискриминацијата со која се соочуваат заедниците на Ромите, Ашкалиите и Египќаните и важноста на почитта што започнува со јазикот. Зборовите можат да повредуваат, но можат и да лекуваат. Време е да го препознаеме богатството и придонесите на секоја заедница и да изградиме општество каде што сите се вреднуваат подеднакво.
Видеото е продуцирано во рамки на регионалниот проект „Борба против дезинформациите – Борба за демократија“, финансиран од Фондот за култура на солидарност на Европската културна фондација (едициска програма за отпорност на демократијата). Иницијативата има за цел да ги зајакне младите инфлуенсери низ Западен Балкан за справување со дезинформациите, говорот на омраза и штетните содржини онлајн, истовремено промовирајќи култура на емпатија, демократија и активно граѓанско учество.
View this post on Instagram
—
Овој проект е овозможен благодарение на финансиската поддршка на Фондот за култура на солидарност од Европската културна фондација










