(ВИДЕО) Изабела Јакимова: Не постои „креативен хејт коментар“

 

Во ова видео, Изабела Јакимова нагласува дека не постои нешто како „креативен хејт коментар“. Дури и кога е завиткана во хумор или маскирана со емотикони, омразата е сепак омраза. Зад секој коментар стои личност, а дигиталната суровост остава вистински емоционални последици – без разлика колку забавно може да му изгледа на некој друг.

Ова видео е извадок од серијата подкасти од четири епизоди на Изабела, каде што таа и нејзините гости ја истражуваат дигиталната култура, менталното здравје, автентичноста на социјалните медиуми и скриената емоционална цена на онлајн омразата. Преку искрени разговори, тие откриваат колку лесно онлајн „критиката“ се претвора во вознемирување, како емпатијата стана револуционерен чин во дигиталниот свет воден од реакции и како сите ние имаме моќ да обликуваме поздрава и пољубезна онлајн средина.

Видеото и серијата подкасти се продуцирани во рамки на регионалниот проект „Борба против дезинформациите – Борба за демократија“, финансиран од Фондот за култура на солидарност на Европската културна фондација (едициска програма за отпорност на демократијата). Иницијативата има за цел да ги зајакне младите инфлуенсери низ Западен Балкан за справување со дезинформациите, говорот на омраза и штетните содржини онлајн, истовремено промовирајќи култура на емпатија, демократија и активно граѓанско учество.

—

Овој проект е овозможен благодарение на финансиската поддршка на Фондот за култура на солидарност од Европската културна фондација