Институтот за медиуми и аналитика – ИМА се приклучи на Мрежата за медиумска писменост на Република Северна Македонија.
Мрежата за медиумска писменост е создадена со цел да ја олесни соработката меѓу различните субјекти во земјава кои работат на подигнувањето на нивото на медиумската писменост на сите граѓани и да допринесе кон подобри и поодржливи резултати од проектите.
Формирана во 2017 година, на иницијатива на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Мрежата сега има 87 членки, вклучувајќи јавни институции и министерства, граѓански организации, образовни установи, радиодифузери и физички лица. Дополнително, Мрежата е дел од ЕМИЛ – Работната група на ЕПРА (Европската платформа на регулаторни тела).








