Во Македонија не постои мејнстрим, затоа што тоа подразбира силни институции што се грижат за уметничката сцена во континуитет, оцени независната уметница и коосновачка на „Прес Ту Егзит“, Христина Иваноска во шорткастот „Интеркултура“ со Роберт Алаѓозовски.
„ Треба да имате систем којшто ве поддржува во текот на вашиот развој како уметник. Мислам ние ништо од сето тоа немаме. Така да мислам дека мејнстрим во Македонија и не постои. А независната културна сцена, според мене, е најдинамична, највозбудлива, критички насочена. Мислам, мене такви соговорници и сојузници ми требаат, не само како културен работник, туку и како уметник и ми беше сосема нормално да бидам дел од уметничката сцена и да придонесувам кон она што го создава уметничката сцена, независната уметничка сцена во Македонија“. “, оцени Иваноска.
—
Шорткастот „Интеркултура“ е активност реализирана во рамки на проектот „Креативна работа, јавна вредност: Застапување за праведни политики во независниот културен сектор“. Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија во рамки на проектот „Култура за развој“, кој се имплементира од Хартефакт Фонд. Содржината/изразените мислења никогаш не може да се толкуваат како ставови на Владата на Швајцарија и Хартефакт Фонд.








