Известија за смртта на Mладиќ во притворот во Хаг, а „заборавија“ да напишат зошто беше таму ?!

 

Пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Интересни ми се некои медиуми во Македонија, кои за смртта на воениот злосторник, Ратко Младиќ, известија дека умрел во притворот во Хаг, од што боледувал, дека Србија барала да му се укине казната од хуманитарни причини – да се врател дома да умрел на мир, па дека Хашкиот суд го одбил барањето…

Напишаа сè, само не напишаа ЗОШТО Младиќ беше во притворот во Хаг. Зaборавија да напишат дека е осуден воен злосторник, дека е директен учесник во геноцид, наредбодавач на убиства на илјадници луѓе и етничко чистење за време на крвавата војна во Босна и Херцеговина.

После, некои ми се чудат кога зборувам за влијанието на „српскиот свет“ во медиумскиот свет во Македонија. Па има ли поголем доказ од овој третман што го доби денес од некои медиуми „ѓенералот” Младиќ?

 

—

Авторот е претседател на Институтот за медиуми и аналитика ИМА