По повод 80 годишнината од ослободувањето на Скопје, втората епизода на подкастот „Митови што оформија генерации“, чијшто автор и водител e Никола Наумоски, е посветена на митовите за Скопската операција.
Истражувањето на екипата на подкастот наиде на митови кои велат дека Скопската операција била мала и безначајна, а и други митови кои велат дека учествувале и странски војски. Во оваа епизода може да се слушнат сеќавања од команданти, учесници во борбите и обични луѓе за денот кога Скопје беше ослободено, а се анализираат и германските архивски записи со историчарот Роберто Трајковски, автор на книгата „Вермахтот и Македонија“.
Инаку, целта на подкастот „Митови што оформија генерации“ е да ги испитува критички митовите кои се длабоко вкоренети во уверувањата и разговорите меѓу граѓаните, а врз основа на кои понатаму се градат наративи кои поттикнуваат омраза, поделби и дезинформации.
Подкастот се реализира со поддршка на Бирото за образование и култура на Стејт департментот на САД заедно со Меридиан Центар како имплементирачки партнер, а се снима во Институтот за медиуми и аналитика ИМА.
Втората епизода посветена на Скопската операција може да се преслуша тука:








