Подкаст „Митови што оформија генерации“: Митот за оградните ѕидови на руралните куќи

 

Третата епизода на подкаст серијалот „Митови што оформија генерации“ чијшто автор и водител e Никола Наумоски, се осврнува на митот за оградните ѕидови на руралните куќи.  Соговорници во овој подкаст се Мирјана Малеска, Џевдет Хајредини и Мирослав Грчев.

Дали оградите на албански селски куќи се ѕидани и високи затоа што зад нив се кријат оружје, дрога, екстремизам и тероризам? Историјата зад овој мит почнува пред еден век, ескалира пред 50-ина години, а инцидент во скопско Арачиново при рушење на оградите во 1990 година засекогаш ќе ја затвори темата, која придонесе за влошување на довербата меѓу Македонците и Албанците.

Подкастот се осврнува на приказната за смртта на арачиновецот Нуредин Нуредини, историскиот и технолошкиот контекст во којшто високите ѕидови земаат замав, како и влијанието на распадот на СФРЈ врз растечкиот национализам во Македонија и Косово.

Подкастот се реализира со поддршка на Бирото за образование и култура на Стејт департментот на САД заедно со Меридиан Центар како имплементирачки партнер, а се снима во Институтот за медиуми и аналитика ИМА.

Подкастот може да се преслуша на: SoundCloud, Spotify и на YouTube.