Во вториот дел од шорткастот на ИМА „Што има ново?“, д-р Катерина Колозова, зборува за наодите од студијата „Мониторирање на странското влијание и дезинформациски кампањи во Западен Балкан“, нарачана од германското МНР, во која се детектира и анализира малигното странско влијание во Македонија. Притоа, таа се осврнува и на евроскептицизмот како една од главните пречки за откочување на процесот на интегрирање на нашата земја во ЕУ.
Според заклучоците од студијата, проруското влијание, кое што главно доаѓа преку Србија, се креира и автентично внатре во земјата, и во него не учествуваат само традиционалните проруски актери, туку се споменуваат и МАНУ, неколку мејнстрим медиуми и влијателни граѓански организации, традиционално препознаени како проевропски, чии комуникации се поклопуваат со проруските наративи.
„Да речеме, знаеја дека француски предлог, бугарски предлог…, сето тоа е ЕУ преговарачка рамка и го филтрираат тоа, и ги има актерите и центaр-лево, и центaр-десно, и некои тинк-тенкови алтернативни, претпоставено центар-лево медиуми. За да се провери дали наодов е вистински точен и прецизен, колегата од Лондон, едноставно ги тргна right-wing actors, и ја остави мапата пак со истите data points, и остана потполно истата мапа, со истите дезинформации, со истиот malign тек на наративот, буквално скоро да не се смени ништо во мапата, како збореле нашиот центар–лево… Зборувам за граѓанското општество, медиумите и сличните актери за кои претпоставуваме дека се центар–лево. За Левица веќе ни е јасно. Патем интересно, Левица изглегоа најмаргинални таму во пропагандната војна. Тие се најотворени, ама помали актери се од овие другиве... На сите им е јасно што се случува кај нас“, објасни Колозова.
Со оглед на моменталната општествена состојба со засилена антиевропска реторика, Колозова се сомнева дека е можно откочување на процесот на интеграција на нашата земја во ЕУ, додека „не се исчисти таа магла“ како што вели таа, од анти-ЕУ наративи коишто креираат „национална параноја“.
„Ако очекуваме дека промената треба да дојде од внатре, според мене, треба да има јасни критериуми, според кои тоа што е кај нас граѓанско општество, тоа што кај нас се медиуми и така натаму, тоа што го произведува се филтрира и се гледа јасно на која линија води. Едно е вие да бидете критични, никој не заговара тука цензура, но друго е сите да врескаат во еден ист глас, креирајќи национална параноја и оцрнувајќи цел континент дека се уротил против нас. Мислам, тоа е значи едно и треба да постои филтер да се препознае – кои се тие актери коишто ја креираат хистеријата и што е нормално легитимна критика... Така што мислам дека додека не се исчисти таа магла на нашата сцена, дека кој актер каков актер е, дека нема многу да се смени... народот не е крив дека е фрлен во магла на параноја. Народот верува во таа параноја,“ изјави Колозова.
Коментирајќи го напредокот на Албанија во евроинтегративниот процес, Колозова посочи дека тоа е најголем доказ за ирационалноста и паранојата на ставот дека евроинтеграциите се невозможни до 2030 година.
„Треба само да се потсетат како работеше паранојата за која што зборувам и негативната ирационална перцепција за ЕУ. Ако се сеќавате кога бевме врзани во пакет, прво перцепцијата беше дека Албанија е назадната и Албанија нас не кочи. Се заговараше можеби делење на пакетот и така натаму. Видете сега значи колку тоа се доживуваше како common sense, како здрава логика, како ти си наивен ако мислиш дека Албанија е легитимен кандидат и ти со неа. Многу коментираa, никогаш нас нема да не примат Македонија, Албанија, ние сме вакви, не сакаaт Балканци како нас… Како и да е скепсата дека тоа ќе биде и Европа лаже, и тогаш доминираше. Додека да се одвои пакетот. Еве се одвои пакетот. Албанија си напредува. Поголем доказ дека е параноја и дека е ирационално и дека е само емоционална реакција без здрава мисла, таквиот став. Поголем доказ за тоа нема од напредувањето на Албанија.“
Погледнете повеќе за овие теми во вториот дел од гостувањето на Катерина Колозова во видео шорткастот „Што има ново?“.








