Харалд Шенкер, директор на граѓанската организација Пропис, во разговорот со Роберт Алаѓозовски во шорткастот „Интеркултура“, истакна дека за решавање на бројните општествени предизвици е потребна истовремена работа на повеќе полиња, но и капацитет и волја. Во спротивно, ќе се соочиме со општество кое колабира бавно, нешто што никој, а особено младите, не сака да го живее.
„Многу работи не функционираат во општеството, институции не функционираат, економијата е тоа што е. Значи, мора да се работи на толку места истовремено, а пак прашањето е за капацитет и за волја. Алтернатива не гледам. Алтернативата е општество кое колабира многу, многу бавно, и тоа мислам дека никој од нас не сака да го живее, а посебно младите не“, вели Шенкер.
—
Шорткастот „Интеркултура“ е активност реализирана во рамки на проектот „Креативна работа, јавна вредност: Застапување за праведни политики во независниот културен сектор“. Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија во рамки на проектот „Култура за развој“, кој се имплементира од Хартефакт Фонд. Содржината/изразените мислења никогаш не може да се толкуваат како ставови на Владата на Швајцарија и Хартефакт Фонд.








