Јана Коцевска во „Интеркултура“: Како што расте сензибилитетот кон родовоста, расте и патријархалната мажосфера 

 

Како што расте свеста и сензибилитетот кон родовоста и родовите политики, така паралелно расте и таа „мажосфера“, патријархалните вредности, оцени активистката и културна менаџерка Јана Коцевска во шорткастот „Интеркултура“ со Роберт Алаѓозовски. 

„Тоа го гледаме и деновиве. Многу се актуелни и оние политики каде што се гледа родот да се исклучи од секакви стратешки документи од политика, политички одлуки и така натаму и, влијаат разни некои други формации, како религиски. Еве, на прво место да ги кажам, влијанија коишто во една секуларна држава, нели, би сакале да веруваме дека не би требало да постојат. Така што, промени има, меѓутоа секојпат е потребно сè повеќе да се работи во оваа сфера“, смета Коцевска.

 

—

Шорткастот „Интеркултура“ е активност реализирана во рамки на проектот „Креативна работа, јавна вредност: Застапување за праведни политики во независниот културен сектор“. Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија во рамки на проектот „Култура за развој“, кој се имплементира од Хартефакт Фонд. Содржината/изразените мислења никогаш не може да се толкуваат како ставови на Владата на Швајцарија и Хартефакт Фонд