Основано е Здружение на граѓани „ИМА“ (Институт за медиуми и аналитика – Скопје)

На 21.04.2022 се одржа основачкото собрание на Здружението на граѓани „ИМА“ (Институт за медиуми и аналитика – Скопје).

Здружението „ИМА“ (Институт за медиуми и аналитика) e невладино, непартиско здружение на граѓани кое ја практикува слободата на изразување за извршување на својата мисија и цели.

Мисијата на „ИМА“ (Институт за медиуми и аналитика) е унапредување на демократијата и владеењето на правото, унапредување на јавните комуникации и човековите права, развој на критичкото мислење во медиумите и пошироко, промовирање на медиумска писменост и етичко новинарство, борба против дезинформации и говор на омраза и нетолеранција во медиумите и јавните комуникации, промоција на културниот плурализам во медиумите и општеството, унапредување на професионалните стандарди во медиумскиот мониторинг, истражувањата и анализата на јавните комуникации.

Види подетално за основачите, целите и дејностите на „ИМА“.