Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен беше нападната со говор на омраза на Твитер уште пред нејзиниот говор во македонското Собрание на 14 јули.
I’m glad to be in Skopje today.⁰
North Macedonia is a true and reliable partner.
The people of 🇲🇰 have shown their commitment to EU values.⁰
They deserve to see their country move forward on the path to membership. ⁰
The decisive step forward is now for 🇲🇰 to take. pic.twitter.com/yOkRpQmRSH— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) July 14, 2022
Нејзината објава на Твитер, во која истакна дека „Северна Македонија е вистински и доверлив партнер“, беше нападната со говор на омраза по повеќе основи. Нападот беше спроведен оркестрирано од повеќе профили, дел од организирана троловска твитер-машинерија блиска до опозицијата, кои упатија бројни навреди, клевети, пцовки, клетви, па и повици за смрт.
Во своето обраќање во македонското Собрание, Урсула фон дер Лајен јасно кажа дека македонскиот јазик стои без квалификација од ЕУ во изменетиот предлог на преговарачката рамка:
„Нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик и ние целосно го почитуваме тоа. Затоа во ревидираниот предлог стои македонскиот јазик, без квалификација од ЕУ“.
Фон дер Лејен објави и видео од овој дел од говорот на Твитер, со превод на македонски јазик. Во твитот на македонски јазик таа укажа дека „Иднината на вашата земја е во Европската Унија, а Европа не е цела без Северна Македонија. Ве сакаме во ЕУ!“
🇲🇰 Иднината на вашата земја е во Европската Унија, а Европа не е цела без Северна Македонија.
Ве сакаме во ЕУ!
Ви благодарам. pic.twitter.com/yG51PGzhpT
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) July 14, 2022
Фон дер Лејен објави уште еден твит, во кој ја ретвитна претходната порака на македонски јазик со објаснување на англиски дека „There can be no doubt that the Macedonian language is your language. We fully respect that.“ (Нема никаков сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик. Ние целосно го почитуваме тоа“).
There can be no doubt that the Macedonian language is your language. We fully respect that. https://t.co/YcFx63cBJZ
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) July 15, 2022
И покрај недвосмислените пораки на Фон дер Лејен во врска со македонскиот јазик, повеќе македонски медиуми ја продолжија кампањата со дезинформации во врска со македонскиот јазик.
Денеска во Собранието јавноста беше сведок и на напад со дезинформации од страна на пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, која тврдеше дека „вчера, 2022 година, ни дојдоа дома, во парламентот, да не стерилизираат нас Македонците“:
„На денешен ден 1933 година нацистите донеле закон за задолжителна стерилизација на лицата со наследни болести. Денес, односно вчера, 2022 година, ни дојдоа дома, во парламентот, да не стерилизираат нас Македонците“.
Ваквите неосновани аналогии, кои не се базираат на никакви факти, туку на дезинформации, се дел од анти-западните наративи, кои се обидуваат да креираат паника дека ЕУ не го признава македонскиот јазик и македонскиот народ и дека ЕУ е „фашистичка творба“.
Овие дезинформаторски наративи се штетни и опасни, не само затоа што креваат општествена паника, туку и затоа што поттикнуваат омраза и нетрпеливост со цел да се замолкнат неистомислениците и да се задуши слободата на изразување.
Институтот за медиуми и аналитика ИМА уште еднаш ги повикува сите учесници во јавната комуникација, особено политичарите и медиумите, да ги осудат дезинформациите и говорот на омраза што предизвикуваaт насилство и нетрпеливост.
Скорешни коментари