Доста е дефокусирање со омраза и дезинформации, да се фокусираме на вистинските теми од јавен интерес!

Пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ

За мене, сторијата на ИРЛ за случувањата на клиниката Жан Митрев е многу, многу поважна од вештачки напумпаната и оркестрирана масовна експлозија на медиумски дезинформации и говор на омраза поврзани со преговарачката рамка на Македонија со ЕУ.

Оние што велат дека сторијата е пуштена намерно како дефокус за преговарачката рамка, или не разбираат што е јавен интерес, или се злонамерни и им слугуваат на центри на политички и бизнис интереси во и надвор од земјата, кои не нѝ мислат ништо добро.
Ќе нè биде како општество, кога мнозинството од медиумите и новинарите ќе се бават многу повеќе со вакви теми кои се иманентни за јавниот интерес, а не со она со што многумина се занимаваа во последниве денови, спроведувајќи нечии темни агенди за дестабилизација на земјата и нејзино втурнување во меѓуетнички и внатреетнички конфликти!