МТВ манипулира и дезинформира за македонскиот јазик

Државниот сервис МТВ објави во наслов дезинформација „Македонскиот јазик еден од службените јазици на ЕУ“, погрешно припишувајќи му ја на Советот за македонски јазик.

 

Но, во написот на МТВ, Совет за македонски јазик: Македонскиот јазик еден од службените јазици на ЕУ, воопшто не е содржана дезинформацијата од насловот:

 

„Советот за македонски јазик во Владата одржа вонредна седница. Потврдуваат дека со приемот на земјава како полноправна членка на Европската унија, македонскиот јазик ќе стане еден од службените јазици на Унијата“.

 

Тврдењето на Советот за македонски јазик – „македонскиот јазик ќе стане еден од службените јазици на Унијата“ се однесува на иднината, а изразот „Македонскиот јазик еден од службените јазици на ЕУ“ двојно ја манипулира и дезинформира јавноста: прво, дека Советот за македонски јазик изјавил дека „македонскиот јазик еден од службените јазици на ЕУ“ (во текстот нема таква изјава); второ, дека македонскиот јазик е еден од службените јазици на ЕУ (тврдење кое не ја поминува проверката на факти, што е должност на секој медиум, особено на државниот сервис МТВ).