Eврокомесарот Оливер Вархеи повика на отрезнување во Северна Македонија, исто и кај опозицијата: „Палењето документи во пленарната сала, туркањето на луѓето кон насилство, и поттикнувањето омраза не носат ништо, само штета“, изјави во интервју за „Еурактив“ еврокомесарот Оливер Вархеи.
Во интервјуто се истакнува дека стратешкото значење на блиското соседство на ЕУ се зголемило откако Русија изврши инвазија врз Украина, со стравови за влијанието на Москва во регионот.
Исто така, се истакнува дека ЕУ мора добро да разјасни во нејзините контакти со Западниот Балкан „дека само Европа може да донесе долгорочен мир, стабилност и безбедност“.
„Русија совршено ни ја докажа нам оваа поента со војната во Украина, бидејќи непосредната реакција на Балканот беше „ова е опасно и ова може да се прелее и кај нас““, вели Вархеи во интервјуто за „Еурактив“.