Откако ЗНМ побара МВР итно да реагира за случајот на малтретирани новинари од страна на службеници во Комунална хигиена, МВР извести дека покренала кривична пријава за самовластие.
И новинарот Фуркан Салиу ја коментираше покренатата кривична пријава од страна на МВР: „За мене лично не е нималку битно каков судски епилог ќе има овој случај. Битно е за новинарството да се казни лицето А.М.Б за да се испрати силна порака дека слободниот збор е светост во една демократска држава.“
Скорешни коментари