Меѓународниот ПЕН (PEN International) го осуди бруталниот напад врз писателот Салман Ружди, поранешен претседател на ПЕН Америка, кој се случи пред неговото предавање.

„Никој не треба да биде мета, ниту пак нападнат, заради мирно изразување на неговите гледишта“, пишува во реакцијата на Меѓународниот ПЕН.

Меѓународниот ПЕН потсети дека Ружди беше жртва на напад на слободата на говор по објавувањето на неговата книга „Сатански стихови“ (1988), кога водачот на Иран Ајатолахот Хомеини повика на смрт на Ружди, принудувајќи го да се крие повеќе години.