Наративи против „францускиот предлог“: дезинформации и теории на заговори за државата и нејзината иднина

Пишува: Жарко ТРАЈАНОСКИ

Лидерот на најголемата опозициска партија Мицкоски  го отфрли „изменетиот францускиот предлог[i] опишуваји го како пораз и „капитулација без одлагање“.[ii] Мицкоски манипулираше дека „францускиот предлог не нуди почеток на македонската евроинтеграција“,[iii] и дезинформираше дека ги содржел „сите бугарски барања“.[iv]

 

И неговиот заменик Николоски бараше „Владата итно да го отфрли предлогот од Париз со кој се прави бугаризација и уништување на Македонија“.[v]

 

Една пратеничка ги обвини „велепредавниците од власта“ дека со францускиот предлог „ќе ја погребат Македонија“.[vi]

 

Дискурсот за „разнебитување“ го промовираа и други видни политичари на ВМРО-ДПМНЕ. Ветераните на ВМРО-ДПМНЕ почнаа да го нарекуваат „францускиот предлог за разнебитување на Државата“,[vii] откако поранешниот претседател Иванов споменуваше „подли игри за разнебитување на Македонија“ и обвини за „национално предавство“.[viii]

 

Еден поранешен амбасадор во Бугарија, и кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека „Францускиот предлог нè фрла во амбис“.[ix]

 

Дискурсот за разнебитување на Македонија со „францускиот предлог“ беше забележлив и на протестите каде што се истакнуваа паролите „„Не“ за разнебитување на Македонија, „Не“ за заборав на македонскиот народ“, итн.[x]

 

Националистичкиот дискурс за „разнебитување на нашата државност“ во контекст на преговарачки процес со ЕУ беше подгреван и од други партии, како на пример Левица.[xi]

 

Националистичкиот дискурс за „разнебитувањето“ на Македонија беше негуван и од невладини организации[xii] и академици.[xiii]

 

Во контекст на преговорите со ЕУ, дискурсот за „разнебитување“ беше претходно најавен и во проглас  потпишан од повеќе интелектуалци, кои предупредуваа дека цената за добивање на датум за преговори со ЕУ не смее да биде „разнебитување на историски заокружениот легитимен процес на конституирање на македонската нација и нејзиното размакедончување“.[xiv]

 

(извадок од анализата: Дезинформации, медиумски манипулации и теории на заговор за „францускиот предлог“)

 

Референци:

[i] Северна Македонија од ЕУ добива нови формулации, DW, 01.07.2022.

[ii] Мицкоски го отфрли „францускиот предлог“ и побара избори за спас на Македонија, РСЕ, 18.07.2022

[iii] Мицковски за „Политика“: Францускиот предлог не нуди почеток на македонската евроинтеграција, Канал 5, 11.07.2022

[iv] Доволно е да се спореди преговарачката рамка (т.н „француски предлог“) со барањата на Бугарија од „Рамковната позиција“, за да се согледа невистинитоста на исказот.

[v] Николоски: Владата итно да го отфрли предлогот од Париз со кој се прави бугаризација и уништување на Македонија, Макфакс, 22.07.2022

[vi] Ласовска: Со францускиот предлог велепредавниците од власта ќе ја погребат Македонија, 24инфо, 15.07.2022

[vii] НИТУ МОЖЕ НЕКОЈ ДА НЕ ЗАПЛАШИ, НИТУ ЌЕ СЕ ПОВЛЕЧЕМЕ ОД ОВАА БИТКА ЗА СПАС НА МАКЕДОНИЈА, Македонска нација, 06.07.2022

[viii] Иванов: Отфрлете го францускиот предлог, тоа се подли игри за разнебитување на Македонија, Фокус, 02.07.2022, Ѓорѓе Иванов: Македонскиот народ повторно е сведок на национално предавство, Сител, 02.07.2022

[ix] (Интервју) Марјан Ѓорчев: Францускиот предлог нè фрла во амбис и води кон сeриозни проблеми, Макфакс, 07.07.2022

[x] Осми ден протести и барање за отфрлање на „францускиот предлог“, ВОА, 11 јули, 2022

[xi] „Кулминацијата на ваквото разнебитување го сведочиме токму денес на меѓувладината конференција во Брисел, со која македонизмот, како сламка за спасот на Владата, се жртвува на олтарот на ЕУ.“ (Меѓувладината конференција не ги отвора преговорите за ЕУ туку се заложува за спроведување на бугарските шовинистички барања, levica.mk, 19.07.2022).

[xii] „Македонската држава никогаш не смее да поддржи преговарачки процес со ЕУ, кој ќе стане основа на разнебитување на нашата државност, загрозувајќи ја внатрешната и регионалната стабилност кон несогледливи последици.“ (Преговорите со ЕУ не смее да станат основа на разнебитување на државноста, Нова Македонија, 20.06.2022)

[xiii] Катица Кулафкова предупредува на велепредавство: Македонија е на прагот на целосна разнебитеност, А1он, 02.07.2022, Коцарев: Сите документи што не се конзистентни со основните премиси на македонизмот, значат разнебитување на Македонија, Република, 21.07.2022.

[xiv] Видете го прогласот Македонизмот е легитимна еманципаторска идеја. Чуму ѝ е на Европа една размакедончена Македонија?, мkd.mk, 13.01.2022.