Сарачини за Локално: Политичките елити и медиумите се главни виновници за продлабочување на поделбите

Петрит Сарачини од Институт за медиуми и аналитика (ИМА), во изјава за порталот „Локално“, вели дека клучното влијание за продлабочување на поделбите меѓу граѓаните е главно заслуга на политичките елити:

„Продлабочувањето на поделбите меѓу граѓаните е главно заслуга на политичките елити. Партиски лидери, носители на партиски и државни функции, лица со јавно влијание блиски до политичките опции, кои долго време користат вокабулар со кој жестоко се напаѓаат политичките противници и оние кои размислуваат поинаку, често со навреди, дискриминаторски јазик, па дури и говор на омраза. Второ клучно влијание врз нив доаѓа преку зајакнувањето на овој дискурс од медиумите. Некои од нив станаа пропагандно средство на политиката, а некои се обидуваат да пренесат различни мислења на професионален начин, тоа често го прават на некритички начин, претворајќи се во платформи за ширење на поделби и поларизација произведени од политиката. Притоа, медиумите не успеваат да ја исполнат една од своите главни улоги – да бидат филтер што нема да дозволи нивната злоупотреба за поттикнување омраза, дискриминација и кршење на човековите права, како и заштита на основните принципи на демократијата и јавниот интерес, не само слобода на изразување, но и одговорност за јавно искажаниот говор и правата на секој граѓанин, без разлика дали се согласува со неговото мислење или не“, изјави Сарачини за „Локално“.

Според Сарачини, медиумите мора да ја исполнат и својата улога како платформа која овозможува плурализам и различност на мислењата, но и критички набљудувач на секој што ги прекршува правилата на демократско однесување и човековите права: „Институциите, исто така, мора да станат структури кои активно ги штитат демократијата и човековите права, и да продуцираат простор кој ги прифаќа потребите на различните, и на „мнозинството“ и на „малцинствата“, на фер и неселективен начин. Само во таков продуктивен контекст судирот на различни мислења и аргументирана критичка дебата може да доведат до напредок и нови и подобри решенија за иднината на сите“, нагласува Сарачини.