Претседателот Стево Пендаровски нajостро го осуди нападот врз новинарот Зоран Божиновски:
„Република Северна Македонија е правна држава во која се штитат човековите права и слободи, затоа повикувам за ефикасна истрага на овој случај. Неприфатливо е насилничко однесување кон кој било граѓанин во Република Северна Македонија, без разлика на професијата.“
Зоран Божиновски во фејсбук пост објави дека со чинот на негово претепување е испратена порака дека никој не е безбеден:
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) го осудија насилството и побараа итна реакција од МВР да спроведе брза и ефикасна истрага: „Го осудуваме секој облик на физичко насилство и потенцираме дека физичкиот напад претставува кривично дело. Апелираме МВР и ОЈО, итно да ги истражат и процесираат ваквите напади со цел да ги казнат оние кои го прекршуваат законот, но и да превенираат евентуални вакви кривични дела во иднина“, велат од ЗНМ и СЕММ.
Нападот врз Зоран Божиновски го осудија и медиумските активисти и новинари Петрит Сарачини и Зоран Бојаровски.
„МВР и ОЈО овој крвнички напад врз новинарот Божиновски треба да го расветлат веднаш, и злосторите да ги соочат со правдата“, истакна Бојаровски.
Скорешни коментари