Ширењето на една фото-монтажа на социјалните мрежи и портали, во обид да се поттикне меѓуетничка недоверба и нетрпеливост, ни покажа колку земјава е ранлива на дезинформации, поради затајување на проверката на факти.
На 21.10.2022, на Твитер се прошири вирално објава од анонимен профил „Свети нео“, со фото-монтажа на наслов наводно објавен на порталот на ТВ Канал 5: „ДУИ со Барање во „Светот на Биби“ ликот на Боби да биде Албанец и да зборува албански јазик“!
Твитер профилот на порталот Факултети.Мк го ретвитна овој твит со порака: „Ве молиме да не пренесувате неточни информации и да не го злоупотребувате името на „Светот на Биби”, додека Канал 5 објави дека очекува извинување од „Светот на Биби“ и „Факултети МК“. Порталот „Факултети“ се извини во Соопштение информирајќи дека „Светот на Биби“ поднела „пријава до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика за Фејсбук страната „Куде Тумбу и 4 Бандере“, која прва ја објави лажната вест а потоа се прошири на повеќе социјални мрежи.“. Потоа, Канал 5 објави дека Факултети.мк му се извинија на Канал 5, заедно со нив ќе ги бркаат интернет криминалците.
Гледате каква збрка може да создаде една фотомонтажа од анонимен профил на Твитер. Наравоучение од оваа приказна е дека дезинформациите може да предизвикаат повеќекратна штета. Во случајов, предизвикана е штета не само на авторите на емисијата, на ТВ Канал 5, и на ДУИ која беше лажно обвинета. Ваквите дезинформации поттикнаа и лавина коментари со говор на омраза, кои предизвикуваат штета и на меѓуетничките односи.
Скорешни коментари