Бугарската информативна агенција „Фокус“ го објави текстот Маријан Николовски: Ќе ги искористиме сите правни можности во РСМ, за да регистрираме здружение “Цар Фердинанд”, со аудио изјава на лице кое е претставено како заменик-директор на здружение „Цар Фердинанд“.
Но, прилогот е погрешно илустриран со фотографија од новинарот на Сител, Марјан Николовски. Новинарот Николовски објави скриншот од написот, со барање колегите од „Фокус“ да ја поправат грешката и да се извинат.
Погрешната фотографија беше сменета, но порталот Доказ.мк на 02.11.2022 објави дискриминирачки наслов „МАРЈАН БУГАРОФИЛЧЕТО ДЕЛЧЕВСКО“ со фотографија од новинарот на Сител.
Во написот на „Доказ“ се објавени и дискриминирачки и навредливи коментари кон уредникот на Сител и повици да му се даде отказ. Иако Доказ на 03.11.2022 објави и „ДЕМАНТ: НЕ СУМ ЈАС ТОА МАРЈАН НИКОЛОВСКИ ИМА ИСТО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ И БУГАРИТЕ МЕ ЗЛОУПОТРЕБИЛЕ“, дезинформацијата не е повлечена, туку е линкувана во демантот.
И во овој случај гледаме колку се штетни дезинформациите. Новинарот Николоски стана жртва на дискриминирачки напади само затоа што беше објавена погрешна фотографија под изјава на друго лице со исто име. Затоа медиумите треба да ги проверуваат и фотографиите пред да ги објават за да не предизвикаат вакви штети.
Скорешни коментари