(ВИДЕО) Алексоска: Руската федерација во Украина спроведува брутална агресија врз недолжно цивилно население

Институтот за медиуми и аналитика ИМА организираше панел-дискусија „Руските дезинформации во Северна Македонија: Наративи и студии на случај“, која се одржа на 26 јануари 2023 (четврток) во „Бруталиск“ во Скопје.
Прв панелист беше Росана Алексоска, менаџер на програмата „Борба против лажни вести и наративи“ од Граѓанската асоцијација „МОСТ“.
Алексоска најнапред ја истакна важноста на наративите, и врската помеѓу нив и начинот на кој луѓето размислуваат: „Руските наративи, односно операции за влијание, дезинформации и пропаганда, не се нови, односно, не започнаа од почетокот на бруталната агресија кон Украина, туку се присутни со години наназад. Со еден збор, руското влијание во нашето општество може да се окарактеризира како остра моќ, а тоа значи дека различни сфери од нашето општествено живеење, од медиумите, религијата, и сите други сектори, се перфорираат од страна на авторитарни режими, како што е Русија.“

 

 

Понатаму, Алексоска укажа на кој начин се шират руските наративи во Македонија и дека можеме да ги спречиме само доколку го користиме вистинскиот јазик: „Ќе ги спречиме наративите само доколку го користиме вистинскиот јазик, а тоа е дека Руската федерација во Украина, цела година, спроведува брутална агресија врз недолжно цивилно население, убивајќи жени и деца, уништувајќи критична цивилна инфраструктура, болници, училишта, културно наследство, итн.“

 

 

Алексоска се осврна на повеќе пропагандни наративи што ги користи Руската федерација, особено во Македонија.