Полиграф: Пропагандна промоција на Милошоски, со објавување стара вест како да е нова

Неколку портали, на 22.01.2023 објавија погрешни информации дека пратеникот Антонио Милошоски станал „топ тема во грчките медиуми“.

Порталот „Маркукуле“ објави текст со наслов Aнтонио Милошоски ги збecна Грците: Го развиори сонцето од Кутлеш на планината Олимп. Порталот „Денешен“ објави наслов „МИЛОШОСКИ ТОП ТЕМА ВО ГРЦИЈА: Слабо разбирам грчки, но ги разбрав, вели тој, за знамето со Сонцето од Кутлеш на Олимп“.

Но, што може да се констатира по проверката на факти, дали е вистина дека Милошоски е топ – тема во грчките медиуми откако развеал знаме со сонцето од Кутлеш на Олимп?

Деновиве, пратеникот Милошоски воопшто не е топ тема во грчките медиуми. Не станува збор за никаква нова вест, туку за стара вест објавена на 22.09.2014. Тоа може да се види од скриншотот од ФБ статусот на Милошоски, кој во меѓувреме го снема од неговата ФБ страница.

 

Накусо, повторно некои медиуми ги измамија читателите, пласирајќи стара вест како да е нова, со што му направија политичко-пропагандна промоција на пратеникот Милошоски.