Полиграф: Дезинформација е тврдењето дека Западот почнал агресија врз Русија

Разоткриваме уште една дезинформација на Руската амбасада, која на 27.01.2023 објави изјава од претседателката на Советот на Федерацијата Валентина Матвиенко. Еве што вели таа во изјавата, според Руската амбасада:  „…Земјата ќе се справи со агресијата што е почната врз неа од страна на Западот, бидејќи моралната историска исправност е на нашата страна…“.

Но, тврдењето на Матвиенко дека Западот почнал агресија врз Русија е дезинформација. Ниту Украина, ниту Западот, не извршија агресија врз Русија. Напротив, Русија изврши агресија и окупација на територии на Украина. Оваа агресија во 2022 е осудена и со Резолуција на Генералното собрание на ОН, поддржана од 141 држава.

И ова е доказ дека Русија не постапува во согласност со меѓународното право. Според експертите, инвазијата врз Украина го прекршува меѓународното право, повелбата на ОН, и не може да се оправда како акт на самоодбрана или како хуманитарна интервенција.

Токму затоа, тврдењето дека Русија се справува со агресијата од страна на Западот претставува уште една пропагандна дезинформација на агресорот кој глуми жртва.