Институтот за медиуми и аналитика ИМА ја организира панел – дискусијата: „Слободата на медиумите наспроти политичките притисоци и пропаганда, дезинформациите и говорот на омраза: Како понатаму?“, која ќе се одржи на 18 мај 2023 (четврток) во хотелот Сити парк во Скопје, со почеток во 12 часот.
Панелисти на оваа дискусија се:
- Младен Чадиковски, претседател на Здружението на новинарите на Македонија
- Драган Антоновски, Генерален директор на Медиумската информативна агенција МИА
- Арта Тахири, уредник на вести во Националната телевизија АЛСАТ
- Атанас Кировски, новинар, поранешен директор и главен уредник на ТВ Телма и дописник на Би-би-си
По излагањата на панелистите е предвидена и дискусија со учесниците и присутните на настанот.
Скорешни коментари