Маѓепсаниот круг на управната правда

Пишува: МЕРИТОН ТУША

Законот за управни спорови што е донесен во 2019 година најавуваше промена на состојбата предизвикана од претходните верзии на законот. Очекувавме закон кој ќе овозможи надминување на претходната безизлезна пракса на празната повторлива процедура. Претходно, законодавството за управни постапки и спорови  овозможуваше „правда“ во облик на повторување на процедурата од почеток, при што исходот е повторно заглавување во ходниците на бирократијата, корупцијата и безизлезност.

Овој маѓепсан круг меѓу судот и институциите во кој влегуваат граѓаните, и што служи само како маѓепсан круг без конкретни одговори, беше тоа што Законот од 2019 требаше да го надмине. Забележавме дека од денот на неговата (одложена)_примена, законот не е вистински применуван, оти, во одлуките, преовладува стариот празен процедурализам наместо одлуки со материјален ефект во полза на граѓаните. Управниот суд продолжува со истиот начин на решавање на проблемите, кој воопшто не е ефикасен, а не го почитува ни материјалното право предвидено со новиот закон. Секако ова е генерализација, но базирана на увид добиен на примерок од 20 репрезентативни случаи по година (од последните 3 години), што е во основа квалитативна метода на истражување. Таа дава добра слика за природата на проблемите и општите состојби, додека детализирана квантитативна компонента е потребна за постигнување на дополнително ниво на прецизност.

Законот одобрен во 2019 година предвидува дека управниот суд ќе треба да донесе конечни одлуки во однос на тужената страна, според „модел одлука“, што е поефикасен начин од оној овозможен од претходниот закон за управни спорови. На пример, Законот го дефинира разводот како:

„…одлука која ја донесува Управниот суд во случаи кога ќе му бидат поднесени тужби против повеќе управни акти во кои правата и обврските на тужителите се засноваат на еднаква или слична фактичка состојба и имаат ист правен основ. Управниот суд задолжително ја донесува модел одлуката по одржување на расправа и ја објавува како сентенца на судска пракса на судот.[1]

Повторно продолжува старата практика каде што се дава само нов рок кој ја повторува истата постапка, со што се задолжува другата страна да донесе ново управно решение во рок од 15 дена. На овој начин граѓаните влегуваат во процесен циклус кој е празен и постојано се повторува без никаква конечна одлука од управниот суд, освен што служи како столб за континуирано повторување на истите постапки, додека граѓаните со години остануваат да трчаат по институциите и судовите без конечен исход. Иако законот го предвидува првиот дел, но доколку одлуката е тесно поврзана со мислењето на судот, се чини дека вториот дел не се применува. И жално е што не се применува материјалното право предвидено во законот воведен во 2019 година. Законот вели дека:

„(5) Доколку судот го поништи управниот акт и предметот го врати на органот кој го донел управниот акт, во пресудата ќе му нареди на тужениот орган да донесе поединечен акт во рок од 15 дена по правосилноста на пресудата. При тоа тужениот орган е врзан за правното мислење на судот во однос на примената на материјалното право и за неговите ставови кои се однесуваат на постапката.“[2]

Од истражувањето направено на одлуките на Управниот суд каде се истражувани по 20 судски одлуки во 2021, 2022 и 2023 година, според примерок репрезентативен на план на демографија и тип на случаи (граѓани и правни лица се еднакво застапени, демографската разноликост е апроксимативна поради ограниченоста на податоците) – забележано е повторување на одлуката на тужителот кој го стекнува правото со тоа што се имплементира само првиот дел од законот кој предвидува рок за донесување ново решение, без да продолжи во вториот дел.

Следниот пример го илустрира начинот на артикулирање на секоја одлука на управниот суд.:
„Тужбата на тужителот XXX, СЕ УВАЖУВА.
Оспореното Решение на УXX бр.xxxxxxxx/x од xx.xx.xxxx година, СЕ ПОНИШТУВА.
СЕ ЗАДОЛЖУВА тужениот орган, Решение на У…, во рок од 15 дена од правосилноста на пресудата да донесе нов управен акт.“

Овие одлуки се во спротивност со истиот член од овој закон кој вели:

„(1) Ако судот најде дека оспорениот управен акт е незаконит, со пресуда ќе го усвои тужбеното барање, ќе го поништи оспорениот поединечен управен акт и самиот ќе ја реши управната работа (пресуда во спор на полна јурисдикција), при што пресудата во целост го заменува поништениот поединечен акт“[3]

Загрижува de facto неприменувањето на законот од страна на Управниот суд, бидејќи истата ситуација се повторува и не се забележува промена. Во меѓувреме, сѐ паѓа врз грбот на граѓаните кои залудно талкаат низ институциите и судовите без конечен одговор и без решен случај, со што државните институции се помалку достапни, а истовремено се намалува и задоволството на граѓаните кон јавните институции. Спроведувањето на овој закон е клучно за функционирањето на управниот суд, како и за материјалните права на граѓаните.

——————-
[1]  Закон за управни спорови,  Службен весник на Р. С. Македонија 96/19, Член 4 точка 4. Достапен на: Zakon-za-upravni-sporovi-17-05-2019-so-primena-od-25-05-2020-.pdf (pravdiko.mk), пристапено на: 13.09.2023.

[2] Закон за управни спорови,  Службен весник на Р. С. Македонија 96/19, Член 60 точка 5. Достапен на: Zakon-za-upravni-sporovi-17-05-2019-so-primena-od-25-05-2020-.pdf (pravdiko.mk), пристапено на: 13.09.2023.

[3]  Закон за управни спорови,  Службен весник на Р. С. Македонија 96/19, Член 60 точка 1. Достапен на: Zakon-za-upravni-sporovi-17-05-2019-so-primena-od-25-05-2020-.pdf (pravdiko.mk), пристапено на: 13.09.2023.
Објавено на: Depolazirirajse.org

#демократски_институции #institucione_demokratike #democratic_institutions #CivicaMobilitas

Проектот се спроведува со финансиска поддршка преку програмата Цивика мобилитас

Picture

Дисклејмер: Цивика мобилитас е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), кој го спроведуваат НИРАС, МЦМС и ФЦГ. Мислењата кои се изразени овде не нужно ги одразуваат ставовите на Цивика мобилитас, СДЦ или пак спроведувачките организации