Пишува: ЖАРКО ТРАЈАНОСКИ
Ете, и тоа се случи. Димитар „сите ќе ве стреламе“ Апасиев стана претседател на собраниската „Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот“.
„Нашиот Робеспјер од Али Експрес“, кој извади „Али Експрес гилотина“ пред македонското Собрание (т.н. „Француски предлог“ на Левица), сега ќе ги штити слободите и правата на граѓан(к)ите и ќе иницира постапка за утврдување на одговорност на носителите на јавна функција.
Сега, политичките неистомисленици и жртви на говорот на омраза на Апасиев, ќе можат да се жалат лично кај Апасиев! Сите навредувани, стигматизирани и дискриминирани од Апасиев како „вмроиди“, предавници или „клети врховисти“, како „татаро-балисти“, ќе можат слободно да се пожалат кај Апасиев.
Сите новинар(к)и брутално напаѓани со говор на омраза, со закани, погрдни зборови и етикетирања (како „проститутки“, „црепови“, и „сороспии“), ќе можат да ги заштитат своите права кај комесарот Апасиев!
Сите невладини организации (нарекувани од него „енџиовска багра“), сите „сороспии“ и „педери“ и „енџиоашки либтард-феминистки“ (и/или „NGO-Соросписки „феминистки“) ќе треба да соработуваат за заштита на слободите и правата на граѓанинот со другарот Апасиев, кој вети дека ќе се бори за „ДЕСОРОСОИДИЗАЦИЈА на невладиниот сектор“.
Сега, ако Димче ви ги повредува слободите и правата, обавезно да се жалите кај Апасиев, љубителот на борците за човекови права како Робеспјер, Енвер Хоџа, Сталин, а богами и Путин! Димитар те куди, Апасиев ти суди!
(авторот е раководител на истражувања во Институтот за медиуми и аналитика ИМА)








