(ВИДЕО) Рубин Земон во „Интеркултура”: Да ги ставиме сите етнички заедници во Преамбулата на Уставот

 

Во втората епизода на шорткастот „Интеркултура” со Роберт Алаѓозовски, гостин е Рубин Земон, поранешен пратеник, македонски етнолог, универзитетски професор и претседател на Сојузот на Балканските Египќани.

Во врска со дебатата за уставните измени и додавањето на други делови од народи во Преамбулата на Уставот, Земон смета дека во неа треба да бидат споменати сите заедници кои живеат во земјава.

„Мојот став отсекогаш бил или сите или никој. Затоа што нема логика некого да ставиш, а некого да не ставиш… Кога веќе одиме на тоа да ги ставиме во Преамбулата, да ги ставиме сите кои што, нормално, се заедници… сепак, треба да биде некоја група која има хоризонтална солидарност, чувство на заедничка припадност, итн., да не ги набројуваме сите атрибути на заедницата, тие заедници – да, треба да бидат сите споменати.“ потенцира Земон.

Роберт и Рубин разговараат за Законот за јазици и блокадата на Уставниот суд, укинувањето на балансерот, мултикултурализмот, правата на заедниците и влошувањето на меѓуетничките односи, работата на Комитетот за односи меѓу заедниците во Собранието и изборниот модел.

Слушнете повеќе за овие теми во видео шорткастот ,,Интеркултура”.