Подкаст „Митови што оформија генерации“: Митот за 150.000 државјанства во 1994 година

 

Четвртата епизода на подкаст серијалот „Митови што оформија генерации“ чијшто автор и водител e Никола Наумоски, се осврнува на митот за 150.000 македонски државјанства кои наводно биле дадени на Албанци од Косово во 1994 година. Како започна и се развиваше историјата на овој мит, кој стана извор на чувство на неправда и непријателство меѓу заедниците?

Барајќи ги овие 150.000 жители низ пописните резултати, на виделина излегуваат бројни дезинформации, кои се користат за сеење недоверба помеѓу Македонците и Албанците. Овој мит ќе се повторува организирано низ изминативе 30 години и ќе се вреже во главите на генерациите кои доаѓаат, ќе биде доградуван и надградуван, па така и бројките во некои извори ќе стигнат до фантастични 300 000.

Соговорници во оваа епизода се Ана Битољану – мировна активистка, Џевдет Хајредини – поранешен министер за финансии, и Петрит Сарачини од Институтот за медиуми и аналитика ИМА.

Подкастот се реализира со поддршка на Бирото за образование и култура на Стејт департментот на САД заедно со Меридиан Центар како имплементирачки партнер, а се снима во Институтот за медиуми и аналитика ИМА.

Оваа епизода на „Митови што оформија генерации“ може да се слушне на Soundcloud, Spotify и на Youtube.