Здраво, креативци! Дали сте подготвени да бидете дел од иницијатива што носи промени? 🌟
Бараме 12 талентирани инфлуенсери, активисти, уметници и подкастери од Западен Балкан (на возраст од 18–27 години) за соработка на креативен проект што се бори против дезинформациите и промовира демократија. 💪🌍
Еве што добивате:
🎓 Обука од врвни експерти за откривање и спротивставување на дезинформации, говор на омраза и штетни содржини.
🤝 Работа со експерти и други инфлуенсери од регионот за дизајнирање и лансирање на влијателна кампања на социјалните медиуми.
💡 Добијте 1.000 € (бруто) за да создадете креативни содржини (рилсови, стории, кратки приказни итн.) со кои ќе ги третирате прашањата што се најважни за младите во вашата земја.
Кого бараме:
- Имаш најмалку 10.000 следбеници на твоите профили на социјалните медиуми.
- Имаш страст да создаваш содржина што промовира позитивни промени.
- Подготвен/а си да соработуваш и да креираш регионална кампања инспирирана од слоганот „Борба против дезинформации – Борба за демократија“.
- Имаш добро познавање на англиски јазик
Важни датуми:
📝 Рок за пријавување: 10 април 2025 година
🌟 Обука и развој на кампањата: мај-октомври 2025 година
Не ја пропуштај оваа можност да го засилиш твојот глас, да добиеш експертско менторство и да имаш вистинско влијание во твојата заедница. Подготвен/а си за борба? Кликни тука и Аплицирај сега!
—
Овој проект е овозможен благодарение на финансиската поддршка на Фондот за култура на солидарност од Европската културна фондација










