Институтот за медиуми и аналитика ИМА и Јадро – Асоцијација на независната културна сцена ја објавија публикацијата „Почетен медиумски мониторинг на комуникацијата на Министерството за култура и туризам, шест единици на локалната самоуправа и на медиумското известување за локалната култура (1 април – 30 јуни 2026)“.
Автори на мониторингот се Мила Стаменова Бурнс и Петрит Сарачини од ИМА. Извештајот ги презентира резултатите од почетниот мониторинг на јавната комуникација на Министерството за култура и туризам и на шест единици на локалната самоуправа – Град Скопје, Тетово, Струга, Битола, Кавадарци и Струмица, како и на медиумското известување за темата „култура“ во периодот 1 април – 30 јуни 2026 година.
Истражувањето претставува квантитативна и квалитативна анализа на соопштенија и објави за промоција на институционални активности, официјални посети, јавни настани и културни манифестации.
Овој извештај го разгледува начинот на кој организацијата и финансиската поддршка за културни програми, фестивали и манифестации од страна на Министерството за култура и туризам и шесте единици на локалната самоуправа се рефлектира во нивната јавна комуникација на официјалните веб страници и канали на социјалните медиуми, како и начинот на кој онлајн медиумите известуваат за темата „култура“ и активностите на независната културна сцена.
Овој мониторинг извештај е дел од активностите во рамки на проектот „Креативна работа, јавна вредност: Застапување за праведни политики во независниот културен сектор“ кој го спроведува Јадро – Асоцијација на независната културна сцена во соработка со Институтот за медиуми и аналитика ИМА. Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија во рамки на проектот „Култура за развој“, кој се имплементира од Хартефакт Фонд.
Публикацијата може да се преземе на овој линк:
—
Почетниот медиумски мониторинг (април – јуни 2026) е активност реализирана во рамки на проектот „Креативна работа, јавна вредност: Застапување за праведни политики во независниот културен сектор“. Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија во рамки на проектот „Култура за развој“, кој се имплементира од Хартефакт Фонд. Содржината/изразените мислења никогаш не може да се толкуваат како ставови на Владата на Швајцарија и Хартефакт Фонд.








