Во шорткастот „Интеркултура” со Роберт Алаѓозовски, претседателот на Јадро – Асоцијацијата на езависната културна сцена, Артан Садику зборуваше за проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, којшто според него следи мегаломански концепт на спектакли а не на вистински културни проекти.
„Најчесто тие се ориентираат кон такви масовни манифестации, каде се трошат милиони и милиони, одредени масовни продукции, кои организираат масовни концерти и спектакли. Тие трошат милиони за таквите настани и многу мал дел од тие средства се канализираат за она што навистина може да го направи градот да биде пријатно искуство за луѓето кои ќе дојдат да го посетат. А тоа е отсекогаш локалната независна културна сцена, која навистина го знае градот, го познава секој дел од градот и тоа е пулсот на градот“, оцени Садику.
Според него, независната културна сцена е таа што претставува културен крвоток на градот, која навистина го гради градот од долу и претставува секојдневна возможност за искусување на градот каков што е, а не „каков што треба да се изгради и да се претстави пред меѓународната јавност“.
—
Шорткастот „Интеркултура“ е активност реализирана во рамки на проектот „Креативна работа, јавна вредност: Застапување за праведни политики во независниот културен сектор“. Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија во рамки на проектот „Култура за развој“, кој се имплементира од Хартефакт Фонд. Содржината/изразените мислења никогаш не може да се толкуваат како ставови на Владата на Швајцарија и Хартефакт Фонд.








