Во шорткастот на ИМА „Интеркултура“ со Роберт Алаѓозовски, директорот на граѓанската организација Пропис, Харалд Шенкер ја истакна важноста на културата и уметноста за градење мир во општеството. Тој има порача на властите да ги поддржат културните работници и уметниците без да се мешаат во нивната работа и независност.
„Културата воопшто и уметноста посебно се многу битни за општеството. Они можат да ги транспортираат нашите пораки, кои се врзани за градење мир во најширока смисла на зборот. Општество без јака културна сцена е болно општество. Поддржувајте ги -независно, без да се мешате“, истакна Шенкер.
—
Шорткастот „Интеркултура“ е активност реализирана во рамки на проектот „Креативна работа, јавна вредност: Застапување за праведни политики во независниот културен сектор“. Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија во рамки на проектот „Култура за развој“, кој се имплементира од Хартефакт Фонд. Содржината/изразените мислења никогаш не може да се толкуваат како ставови на Владата на Швајцарија и Хартефакт Фонд.








