Професорите Ванковска и Апасиев со ширење на лажни информации поттикнуваат нетрпеливост кон „кодошка Европа“

По рецензијата на „Вистиномер“ од 12.09.2022, Наводен билборд, со кој се бара да го пријавите соседот ако се грее над 19 степени, е монтиран, порталот кој ја пренесе дезинформацијата не го повлече написот (Ако соседот загрева дома на повеќе од 19 степени, пријавете на број…! Денешен).

 

Во меѓувреме, на Tвитер беа споделувани скриншотови дека и пратеникот Димитар Апасиев ја споделил лажната информација со монтираниот билборд од „Денешен“, со порака „Овие ќе завршат бетер од СССР“ и назнака од Фејсбук дека станува збор за лажна информација.

 

На пребарувачите има траги дека Апасиев споделил и твит со пцост и со монтираниот билборд, но твитот и статусот со лажната информација веќе се избришани.

Скриншот од твитот со монтираниот билбордот и пцости кон „кодошка Европа“ е споделен и од професорката Билјана Ванковска.

 

Иако Фејсбук веќе ја има означено нејзината објава како „лажна информација“ што е проверена од независни факт-чекери, споделената дезинформација од страна на Ванковска сè уште беше видлива на нејзиниот профил (на 14.09.2022 во 14.30).

Дали Ванковска и Апасиев – кои се универзитетски професори, следени од повеќето нивни студенти – ќе им се извинат на нивните студенти и на јавноста за проширените дезинформации, со кои се поттикнува нетрпеливост кон „кодошка Европа“?