Затоа што против Апасиев од новинарите, колку што е јавно познато, не е покрената ниту една тужба за клевета, навреда или кривична пријава за говор на омраза. За разлика од него, кој тужи новинари и за ситници.
Наместо јалови реакции, потребна е акција. Потребни се тужби кон оние што плукаат по новинарите, кривични пријави за оние што поттикнуваат омраза и нетрпеливост. Потребна е солидарност меѓу новинарите и бојкот на мразачите. Тоа се решенијата. Не дека ќе послуша некој, но ете, Младиќот да повтори, да не биде дека не било кажано!









