Петрит Сарачини од Институтот за медиуми и аналитика ИМА, во неговото гостување кај Сашо Орданоски во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ ги истакна негативните влијанија на руската пропаганда во јавната комуникација кај нас, но и во други земји на регионот.
„Пропагандата што е поврзана со големите светски политички теми како што е војната во Русија, руските специјални мерки – тоа е оддел во таа држава, односно и во нејзината претходничка која што неодамна прослави еден век од своето постоење, ова е континуитет. Западен Балкан, државите кои што се тргнати на запад, се под удар. Видовме што се случи во Бугарија, една цела Влада падна, гледаме што се случува во Македонија“.
Тој рече е дека индикативно она што го покажа последното истражување на Метаморфозис.
„Граѓаните веруваат дека ЕУ и САД шират повеќе дезинформации отколку Русија во нашата држава. Што значи дека таа пропаганда успева преку своите дезинформации да влијае на перцепциите на граѓаните. Најтажното во тие бројки е по политичарите кои се со по 90% посочени како извори на дезинформации, на второ место со речиси толкав број 89% се медиумите, потоа се порталите и социјалните мрежи“, укажа Сарачини во „Утрински брифинг“.
Скорешни коментари