Проект – „Преку деполаризација до демократски, стабилни и инклузивни институции: Придонесот на граѓанското општество“

ИМА е дел од партнерскиот конзорциум предводен од Институтот за општествени и хуманистички науки (ИССХС) во кој учествуваат и Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со Предизвици“ и Балканскиот центар за регионална соработка, кој го спроведува 10-месечниот проект (јануари-октомври 2023 година): „Преку деполаризација до демократски, стабилни и инклузивни институции: Придонесот на граѓанското општество“, финансиран преку Акциските грантови на програмата ЦИВИКА Мобилитас. Цел на проектот е критички и информиран дијалог, следење, анализа и застапување на политики кои ќе придонесат за зајакнување на капацитетите на извршната власт за градење демократски и инклузивни институции.