Во декември 2022 година, ИМА потпиша договор за соработка со проектот „Зајакнување на прогресивните и продемократските дигитални медиуми во Северна Македонија (Промовирање на демократијата и спротивставување на националистичката пропаганда)“, финансиран од Фондацијата за демократија и плурализам од Шведска, а имплементиран од ЦИВИЛ – Центар за Слобода. Проектот обезбедува финансиска и техничка поддршка за мрежа на македонски онлајн медиуми кои ги поддржуваат евроатлантските интеграции на земјата, спротивставувајќи се на национализмот, антизападната и антидемократската пропаганда и дезинформации, промовирајќи европски вредности, толеранција, солидарност, антидискриминација и критичко размислување. Проектот вклучува објавување и размена на содржини помеѓу членовите на мрежата.