Проект за основање и основни активности на Институтот за медиуми и аналитика ИМА

Во јуни 2022 година, ИМА започна со спроведување на 18-месечен проект (01 јуни 2022 – 30 ноември 2023 година) финансиран со грант на Европската фондација за демократија (ЕЕД) од Брисел. Грантот имаше за цел да го поддржи формирањето на Институтот за медиуми и аналитика ИМА и производството на квалитетни медиумски содржини, истовремено ангажирајќи се во унапредување на слободата на медиумите. Активностите на проектот беа насочени кон формирање на тим на надворешни автори и производство на висококвалитетни анализи, градење и лансирање на веб-страници, профили и страници на ИМА на социјалните мрежи, производство на медиумска содржина и промовирање на ИМА во јавноста, изработка на квартални публикации, организирање на јавни настани, како и градење партнерства со други медиуми, граѓански организации и воспоставување соработка со релевантни државни институции.